Баерн покажа кој е кој во Германија, „милионерите“ банкротираа во Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен направија огромен исчекор кон титулата во Бундеслигата, откако вечерва беа убедливи во дербито со најголемиот ривал, Борусија Дортмунд (4-2).

Мечот беше решен по само дваесетина минути, во кои домашниот тим веќе постигна три гола. Прв мрежата си ја затресе голманот Кобел по катастрофална грешка, Томас Милер зголеми пет минути подоцна, додека истиот фудбалер погоди и во 23. минута. Коман на стартот од второто полувреме само ја запечати судбината на „милионерите“, кои до крајот на мечот постигнаа два погодока колку да ја ублажат катастрофата.

Баерн Минхен сега пак е прв со 55 бодови, два повеќе од Борусија Дортмунд,со осум кола за играње до крајот на сезоната.