Азар ја побарал „десетката“, но добил јасен одговор од Модриќ!

По седум години поминати во Челси, Еден Азар денеска беше промовиран во Реал Мадрид, па така му се исполни сонот, кој го имаше од дете да го носи „кралскиот“ дрес.

Белгиецот беше претставен без бројка, па новинарите ги интересираше кој број ќе го носи Азар во наредните пет години.

Азар кажа дека преку Матео Ковачиќ ја побарал „десетката“, но добил јасен одговор од Лука Модриќ.

„Имав среќа да разговарам со Модриќ преку Ковачиќ, па се пошегував со него да ми ја остави десетката, но тој ми даде негативен одговор. Бројот не е важен, туку важно е тоа што ќе играм во овој дрес“, вели Азар.