Азар е пензионер од октомври, но Челси сè уште добива пари од Реал Мадрид
Интересно е тоа што Азар се пензионира пред седум месеци, односно во октомври, иако претходно имаше потпишано договор со „кралевите“ до 2024 година, па поради тоа Реал му исплати пет милиони фунти на премиерлигашот.
Азар требаше да биде предводник на „кралевите“, меѓутоа често имаше проблеми со повреди и поради тоа ќе биде запаметен како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот од Мадрид.