Азар одбил понуда од С. Арабија со плата од - милион евра неделно!

Поранешниот белгиски фудбалер Еден Азар неодамна замина во пензија на 32-годишна возраст, иако имал примамливи понуди од Саудиска Арабија.

Џон Оби Микел откри дека еден тим од С. Арабија му понудил дури милион евра неделно на Азар, но Белгиецот решил да ја одбие понудата.

„Микел знаеш дека имам пари. Знаеш и како живеам, не трошам многу. Имам доволно да живеам со семејството “, кажал Азар.

Пред да замине во пензија, Азар одигра 76 натпревари за Реал Мадрид, а притоа постигна седум гола и 12 асистенции.