Атлетико Мадрид купува фудбалер на Бетис за 100 милиони евра

Атлетико Мадрид се подготвува за живот по Антоан Гризман и веќе на големо работи на купување негова идеална замена. 

Се зборува за Жоао Феликс од Бенфика, но младиот Португалец сака во поголем тим. Втората идеја на челниците на „атлети“ е Џовани ло Селсо од Бетис. 

Аргентинецот одигра фантастична сезона во севилскиот клуб, кој целосно го откупи неговиот договор за 30 милиони евра од ПСЖ. Ло Селсо сега има клаузула од 100 милиони евра во договорот со Бетис, но Атлетико е расположен да ја плати.

Изминатава сезона Ло Селсо постигна вкупно 16 голови во сите конкуренции иако се работи за фудбалер од средниот ред.