Аталанта во сериозни проблеми: Муриел претрпел потрес на мозокот!

Екипата на Аталанта е најубавата фудбалска бајка сезонава, со оглед на тоа што и покрај малите финансии, тимот од Бергамо успеа да обезбеди пласман на завршницата во Лигата на шампиони, а воедно загарантирано место има и за наредната сезона преку пласманот во Серија А.

Но, најголемиот хит во Серија А, се соочува со голем проблем, бидејќи вечерва ќе истрча на терен на дуелот против Бреша без својот најдобар стрелец - Луис Муриел.

Според италијанските медиуми, Колумбиецот наводно паднал на глава и претрпел исекотини и потрес на мозокот.

Како што пишува „Калчомеркато“, тој паднал и ја удрил главата на работ на базенот.

Засега се наведува дека повредата не е премногу сериозна, но секако не се очекува да игра вечерва, затоа што е потребно одмор после потрес на мозокот.

Аталанта моментално е на четвртото место во табелата во Серија А. Низата од девет победи им ја прекина Јувентус со ремито од 2-2, минатото коло.