Арсенал прави ремонт во екипата, два фудбалери заминуваат заедно со Венгер

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, одлучи да го напушти тимот на крајот на годината, по 22 години поминати во Лондон, а покрај него, уште двајца фудбалери ќе си ги „спакуваат куферите“.

„Мирор“ пишува дека Гранит Џака и Шкодран Мустафи немаат иднина на „Емирати“, па клубот ќе ги продаде летово, а на нивно место ќе ангажира два англиски фудбалери.

Наредната сезона во дресот на „топчиите“ би можеле да ги видиме Џејмс Медисон од Норвич и Рајан Фредерикс од Фулам, кои во моментов играат фантастично за своите екипи.

Медисон го бараат скоро сите англиски гиганти, па Норвич за неговиот трансфер би можеле да заработат дури 30 милиони фунти.

Од друга страна, 25-годишниот Фредерикс ја игра најдобрата сезона со Фулам, а засега не се открива сумата за која ќе замине од екипата.