
Арсенал остана без јапонскиот репрезентативец Томијасу до крај на сезона
Јапонскиот репрезентативец, кој сезонава има 31 настап за „топчиите“ и најчесто ја покрива десната бековска позиција се повреди на реванш мечот со Спортинг Лисабон, кој лондончани го загубија на пенали, па после деталните прегледи излезе дека има посериозен проблем со десното колено и денеска беше опериран.
„После замената за време на мечот од Лига Европа со Спортинг, дополнителните прегледи покажаа дека Такехиро Томијасу има посериозна повреда на коленото и денеска успешно беше опериран во Лондон, па за него е завршена сезоната. Сите во клубот напорно ќе работат со Такехиро за да може да биде подготвен на подготовките за новата сезона“, објави Арсенал.