Аргентинците тврдат: Лионел Меси останува во Барселона

Очигледно е невозможно Лионел Меси да си замине од Барселона без обештетување, а исто така невозможно е некој клуб да ја плати неговата откупна клаузула од 700 милиони евра. 

Поради тоа фудбалерот најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“ и ќе ја испочитува последната година од својот договор со Каталонците, објавува аргентинскиот весник „ТиК Спортс“.Истиот аргентински медиум прв објави дека Меси поднел барање за раскин на договорот, а денеска „ТиК Спортс“ тврди дека фудбалерот во наредните неколку часа ќе објави видео порака на социјалните мрежи дека останува во Барселона уште една сезона и ќе си замине следното лето како слободен агент.

Капитенот на Барселона не сака да влезе во отворена правна војна со клубот, која може да резултари со многу поголем хаос од оној што се случува сега. 

Меси денеска официјално се обрати до јавноста преку соопштение објавено од неговио татко и агент Хорхе, кое беше наменето по повод интерпретацијата на неговиот договор со Барселона од Ла Лига. Од таборот на Меси и натаму негираат дека постои откупна клаузула од 700 милиони евра.