Англичаните открија како се спасил Солшер од отказ од Јунајтед

Англиските медиуми пишуваат дека Оле Гунар Солшер бил на праг да добие отказ од Манчестер јунајтед, но успеал маестрално да се извлече од катастрофалната позиција.

Ед Вудворд добил дозвола да го отпушти Норвежанецот, но потоа следеше одличната серија победи против Тотнем и Манчестер сити, па Солшер ја зачувал работата.

„Црвените ѓаволи“ одиграа два одлични меча и двапати победија со 2-1, па тие трумфи го спасиле Солшер од отказ.

Јунајте во моментов е на петто место со 24 бодови и до крајот ќе се борат за пласман во топ-4 и обезбедување место во Лигата на шампиони.