Аморим е пред преселба во Премиерлигата, но не во Ливерпул!
Пред извесно време Аморим важеше за прв кандидат за наследник на Клоп во Ливерпул, дури некои напишаа дека работата е готова, тој е веќе договорен, но не испадна така.
Последните информации велат дека вчера Аморум бил во Лондон на преговори со Вест Хем.
Лондонскиот клуб му го презентирал проектот на Аморим и инсистира тој да биде новиот тренер.
Засега уште нема договор меѓу двете страни, но разговорите продолжуваат.