Алиоски размислува за враќање во Швајцарија?
Швајцарски „Спорт“ објави дека Алиоски размислува за враќање во државата, но засега не се открива за кој клуб би потпишал.
„Имам многу заеднички работи со Швајцарија. Среќен сум во моментов, сепак во фудбалот работите се движат многу брзо и никогаш не знаете што ќе се случи“, кажа Алиоски.
Алиоски играше за Лугано пред да се пресели во Лидс, каде што помина четири години, а потоа се пресели во Ал-Ахли по што замина на позајмица во Фенербахче.