Алиоски и Лидс им се вратија на победите – го освоија Њукасл (ВИДЕО)

По три порази во низа, два во Премиер лигата и еден во ФА-купот, фудбалерите на Лидс дојдоа до голема победа на вечерашното гостување кај Њукасл (2-1), во меч од 20. коло од англиската елита.

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, беше стартер во составот предводен од тренерот Марсело Биелса, но беше заменет во 56. минута. Гостите поведоа преку Рафиња во 17. минута, Алмирон во 57. минута го изедначи резултатот додека четири минути подоцна Харисон го постигна победничкиот гол за Лидс.

Со овој триумф, екипата на Алиоски дојде до 12. позиција на табелата во Премиер лигата со 26 бодови од 19 натпревари. Во вториот вечерашен меч, Вест Хем како гостин го совлада Кристал Палас (3-2).