
Ако Гвардиола си замине од Сити имал шест опции, а само една клупска и не е – Барса!
Гвардиола кој освои четири шампионски титули на Островот во пет години е пред заминување, зашто такво нешто најави откако Сити беше суспендиран од УЕФА, па Арбитражниот суд во Лозана ја поништи санкцијата кога посочи дека „му верува на клубот дека ништо погрешно не направил, ама ако го лажат повеќе нема пријателство со раководството“.
И угледниот Атлетик сега состави список од шест опции каде Гвардиола би бил тренер ако се случи црното сценарио за Сити, но од сите само една е клупска и тоа не е Барселона, каде долгорочно тренерско решение е Чави Ернандез.
Според англискиот весник опциите на Гвардиола се Пари Сен Жермен, како единствена клупска опција, а сѐ останато се селекторски предизвици и тоа за клупите на Бразил, Аргентина, Холандија, Шпанија и Англија.
Од сите овие најмалку реална е клупата на светскиот првак Аргентина, каде Лионел Скалони ќе добие нов долгорочен договор, додека сите други се отворени. Бразил сѐ уште нема селектор, Холандија, Шпанија и Англија имаат, ама и лесно може сѐ да се смени ако Пеп стане достапен.