Ајакс е клуб за пример: Од 1981 година само 21 минута биле без играч од – академијата!

Холандскиот великан Ајакс е клуб кој просто не може да не воодушевува кога ќе се погледне една неверојатна статистика, која најдобро ја отсликува фудбалската политика на клубот – од 1981 година до сега, само во 21 минута немало фудбалер од славната академија на „копјаниците“.

Ајакс, клубот кој ја воодушевуваше Европа во 70-те години со Јохан Кројф веќе со децении важи за една од „најголемите фудбалски фабрики за таленти“, а од клубот проникнаа еден куп фудбалски ѕвезди од Франк Рајкард преку Денис Беркамп, па браќата Де Бур, Рафаел Ван дер Варт, Весли Снајдер па се до Дони Ван дер Бек или Матијас Де Лихт.

Славната „Тоемкост Академија“ на Ајакс произведува фудбалски таленти за извор. Одамна е академија која е во петте најважни, академија од која Кројф ги постави темелите на славната „Ла Масија“ во Барселона. Полни 1,750 меча Ајакс игра фудбал со најмалку едно свое дете од академијата, без оглед дали почнало од девет години или дошол во клубот како 15-годишник.

Сè почна во 1981 година и прекинот е верувале или не во 2003 и тоа на два меча. Прво со Рода цели 14 минути играле без дете од академијата, а потоа со Интер во цели седум минути. А, од таа 1981 година, „копјаниците“ одиграле вкупно 158.479 минути фудбал.

На ова човек може само да аплаудира! Зашто тешко да има клуб, посебно во модерната ера кој има и време, пари, но и трпение да создава играчи, кога парите играат улога и фудбалерите на отворениот пазар се лесно достапни.