Ждрепка за куп-четвртфинале: Шкендија и Шкупи со тешки гостувања

Дуелот на поранешните освојувачи на Купот на Македонија, Академија Пандев против Шкупи, односно Силекс со Шкендија ќе го одбележат четвртфиналето во националниот куп, после денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

После минатонеделното комплетирање на осминафиналето кое донесе низа возбуди, на 25 ноември ќе се одигра четвртфиналето, кое како и досегашните две рунди, ќе минат со еден меч, па Шкендија ќе има многу незгодно гостување во Кратово кај Силекс, додека Шкупи оди во Струмица кај Академија Пандев, која претходно во 92-та минута го елиминира Вардар.

Струга Трим Лум ќе се соочи со Ренова, а најслабиот прволигаш Беласица ќе биде домаќин на екс-освојувачот на купот, Македонија ЃП во преостанатите два меча од оваа рунда. Како и претходно, ако нема победник во 90 минути, пенали ќе го решаваат патникот во полуфиналето.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА
Академија Пандев – Шкупи
Струга Трим Лум – Ренова
Беласица – Македонија ЃП
Силекс – Шкендија
* мечевите ќе се играат на 25 ноември годинава