Вардарова радост по цел еден месец, Крчмаревиќ дебитираше со триумф со Победа

Актуелниот лидер Шкендија продолжи со крупни чекори да гази кон втората шампионска титула, откако ја запиша и четвртата победа во низа пролетва со триумфот против третиот Силекс за да ја задри разликата од 16 бодови пред Вардар во битката за круната во Првата лига по денешното 24-то коло.

По цел еден месец без триумф Вардар конечно се врати на победничките патеки откако ја победи секогаш незгодната Ренова со 1-0 со голот на Дејан Блажевски на асистенција на Максим Максимов во 23-та минута од мечот. Вардарци цел еден месец немаа триумф во кој двапати ремизираа, а трипати загубија и патем беа елиминирани во овој период од Купот на Македонија, најмногу и поради сопствениот инает и револт кон ФФМ да експериментират во најлош можен момент, играјќи со младински и комбиниран тим.

Вардар немаше победа од 18 февруари кога ја победи Победа со 3-0, но сега овој триумф ги враќа на победничкиот колосек за да го задрат второто место, но и да направат двоцифрена предност во однос на третиот Силекс, кој загуби кај Шкендија.

Еден гол уште во 16-та минута од мечот на младинскиот репрезентативец до 19 години, Енис Фазлагиќ го реши победникот под Шара за 20-ти сезонски триумф на тетовските црвено-црни и уште еден чекор поблизу до шампионскиот трофеј.

Новиот тренер на Победа, Слободан Крчмаревиќ дебитираше со триумф за првa пролетнa победа на прилепскиот прволигаш Победа, која со 2-0 славеше над Работнички за да освои важни бодови во трката за опстанок. Академија Пандев во судиското продолжение испушти триумф против Пелистер, кој успеа да остане непоразен и да освои бод со ремито 1-1

ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО

Вардар – Ренова 1-0 (1-0)

Блажевски 23

Шкендија – Силекс 1-0 (1-0)

Фазлагиќ 16

Академија П. - Пелистер 1-1 (0-0)

Миленковски 47 аг. - Ристевски 93

Победа – Работнички 2-0 (0-0)

Лога 82, Најдовски 94

УТРЕ, 14 ЧАСОТ

Шкупи - Скопје

TАБЕЛА

Шкендија 62, Вардар 46, Силекс 36 (-1), Шкупи 29 (-1), Академија П. 29, Работнички 28, Ренова 25, Победа 25, Пелистер 22 (-1), Скопје 17 (-1).