Вардар по 27 минути веќе има негатива од два гола и – играч помалку (ВИДЕО)

Најтрофејниот макеоднски клуб Вардар скоро да го загуби мечот во Тетово против Ренова, зашто после само 27 минути на гостувањето кај Ренова во Тетово има негатива од два гола, но и уште поголем проблем – ќе мора да го доигра мечот со десетмина.

Шефит Шефити во 21-та минута донесе водство во акцијата на Ремзифаик Селмани и лошата поставеност на вардаровата одбрана за офсајд, а потоа капитенот Селмани во 27-та погоди од пенал, кој го направи младинскиот македонски репрезентативец Мартин Величковиќ-Радуловиќ, кој пред гол-линијата играше со рака, па му беше покажан директен црвен картон.

Големата негатива и фудбалерот помалку се уште поголем проблем за Вардар да се надева на подобар резултат, особено зашто црвено-црните без конплетни подготовки фичички не се најспремни, па двојно потешко ќе им биде да го надополнат сега отсуството на еден фудбалер, а патем да се изборат да избегнат пораз.