Вардар нема среќа со Бразилците зимава: Густаво падна на прегледите поради проблеми со срцето!

Македонскиот шампион Вардар нема среќа зимава со Бразилците, откако и второто потенцијално зсилување Густаво Марментини нема да потпише со црвено-црните, откако не успеал да ги мине лекарските прегледи.

Прегледите на Густаво покажале дека бразилскиот фудбалер за врска има проблеми со срцето, па вардаровите лекари се чуделе како воопшто тој досега добивал дозвола да игра професионален фудбал, сооглед на големиот напор на кој се изложени професионалните фудбалери. Поради тоа, Густаво и си заминува од Скопје, иако веќе имаше договорен едно ипол годишен договор со опција за продолжување и поради брзината и добрата техника требаше да биде засилување за средниот ред на црвено-црните.

Тој е вториот Бразилец кој во „пет до 12“ не потпишува со Вардар, откако првата опција, крилото Јаго Силва се пишмани и реши да не дојде во макеоднскиот шампион, иако и неговото доаѓање беше извесно.

Поради ова, вардарци сега продолжуваат в потрага на исклучиво квалитетни фудбалери кои ќе го засилат тимот, откако зимава дојде триото од пелистер Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветановски, како и голманот Филип Илиќ.

Инаку, Аргентинецот од Ривер плејт, Лукас Охеда не ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, па тој ќе се врати во татковината, затоа што не е квалитет за црвено-црниот дрес. Охеда денеска играше и на втората контролка со бугарски Берое, а играше и на првиот меч со узбекистански Пахтакор.

Од друга страна, брвата виолина на црвено-црните Фелипе од денеска треба да им се приклучи на вардарци и да ги почне подготовките. Бразилецот доцнеше на подготовките со приватни причини, но тој есеноска ги одигра сите 33 меча за вардарци и пропушти едвај 54 минути на мечевите на трите фронта.