УЖАС: Екс фудбалер на Вардар погоден со ракета во Израел! (ФОТО+ВИДЕО)

Конфликтот меѓу Палестина и Израел премина во војна, па голем број луѓе и деца го загубија животот во претходните денови, а има и многу повредени, меѓу кои е и поранешниот фудбалер на Вардар, Ибе Зито Огбона.

Огбона бил во неговиот дом во момент кога паднала ракета, по што интервенирала Брза помош, која го однела во болница на дополнителни прегледи.

Напаѓачот од Нигерија настапуваше за многу екипи во минатото, а еден од нив беше Вардар, чиј дрес го носеше во период од 2012 до 2013 година.