Двојазичен гаф на ФФМ: Наслов на македонски, текстот на – албански (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македнија (ФФМ) измисли нов тип на двојазичност во земјава, па денеска направи урнебесен гаф на својата скапо платена интернет-страница, откако објави текст на женската репрезентација во кој насловот беше на македонски јазик, а целиот текст на албански.

Уште од времето на Илчо Ѓорѓиоски, ФФМ воведе двојазичност, па на сајтот има македонска верзија, албанска верзија кои редовно се ажурираат со информации, кои се во интерес на куќата на фудбалот (дебаклите успеваат да ги скријат, особено бламажите), а има и англиска верзија која не е ажурирана од 3 октомври лани, кога имаа најава за 25-годишнината од историскиот прв меч на Македонија во Крањ.

И така денеска скоро половина час на ФФМ страницата си стоеше новиот тип на двојазично информирање, па дури подоцна на администраторите им текна за да го сменат и на македонската верзија да си стои текст за женската селекција на македонски јазик. Дотогаш, ако некој сакал да се информира ќе морал да користи „гугл транслејт“.