Тиквеш и Воска наместо во Прилеп баражот ќе го играат на – Арената во Скопје!

Иако првично беше одредено баражот за Прва лига помеѓу Тиквеш и Воска Спорт да се игра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп во недела од 17 часот, пресметката на крај е преместена за во Скопје, на Националната Арена „Тодор Проески“.

ФФМ попладнево информираше за промена на теренот и преместување на овој меч на најголемиот стадион во земјава, кој останува да се игра во истиот веќе одреден термин. Беласица и Скопје во вториот бараж ќе играат во Штип.

Со одигрување на баражите ќе биде комплетирана Првата лига со 12-те екипи кои во новата сезона ќе играат во домашната елита.