Состави за мегадербито во Тетово – Вардар со двајца напаѓачи, Ибраими ја предводи Шкендија

Двата црвени-црни претенденти за шампионската круна, Шкендија и Вардар ќе се судрат во на стартот од пролетната полусезона во Тетово во дербито на 19-то коло во Првата лига, во кое тетовци со пет бода повеќе од скопјани влегуваат во вториот дел од сезоната.

Шкендија ќе ја предводи бившиот репрезентативец Агим Ибраими, како најголемо засилување за шампионот во зимскиот преоден рок, додека Вардар, пак, ќе биде со Фелипе и левиот бек Жуниор во стартниот тим, но без Даниел Аврамовски на почетокот на дербито.

Тетовци се ослабени за неиграње на Бесарт Ибраими, Стенио Жуниор, Марјан Радески, го нема ни засилувањето зимава Зани Хусмани. Од друга страна, Вардар тргнува со офанзивно со Вилијан Лира и Бојан Колевски во нападот.

ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Мерџани, Мурати - Алими, Тотре, Имери - Фазли, Ибраими, Емини.

ВАРДАР: Гачевски, Манев, Новак, Брдаровски. Жуниор - Мицевски, Најдовски, Битанг, Фелипе - Лира, Колевски.