Скопје и Шкупи одиграа досаден меч без голови

Скопје не успеа да го победи Шкупи во малата градска пресметка попладнево на Железарница за тимот од Автокоманда да се приближи кон ривалите за опстанок по ремито без голови во мечот кој беше одложен од рамите од 15-то коло во Првата лига.

Дуелот требаше да се игра пред една недела, но обилните врнежи од дожд тогаш го полавија теренот на Железарница и од втор обид двата градски ривали одиграа најнепопуларно – без голови. Досаден меч одиграа двата тима, во кои речиси и да немаше вистинска шанса за гол, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Со ремито, Скопје остана последен и по 16 одиграни кола едвај собра 10 бода, додека Шкупи со новиот бод сега е шестопласиран со 19 бода, само еден од петтиот Работнички. Скопје сега има пет бода помалку од пелагониските Победа и Пелистер, кои есенва се покажаа како најголеми ривали во трката за опстанокот.