Шкупи се пофали со егзотичното засилување: Костариканец ќе го предводи нападот на чаирчани

Македонскиот прволигаш Шкупи се пофали со најновото засилување од егзотичната земја Костарика. Во редовите на скопскиот тим доаѓа Фреди Антонио Алварез Родригез кој игра во средниот ред на теренот.

Алварез до неаодмна беше дел од екипата на АДР Хикарал во Костарика, а во Шкупи пристигнува како слободен агент и притоа потпиша едногодишен договор со прволигашот.

„Среќен сум што доаѓам во клуб кој има традиција и историја во која освои многу трофеи. Имам големи очекувања во Скопје и се надевам дека за кратко време ќе се прилагодам на екипата и на барањата на тренерот. Верувам дека уште денеска ќе се ставам на располагање на тренерот и едвај чекам да почнат натпреварувањата. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе му помогнам на тимот“, кажа Алварез.

Алварез минатата сезона одигра 21 меч и постигна осум голови и пет асистенции.