Шкупи на чекор да ја завери Европа, а ѝ помогна и на Македонија ЃП

Чаирски Шкупи дојде на чекор за официјално да го завери настапот во Европа после денешното реми без голови на гостувањето кај незгодната Струга Трим Лум, со што ја задржа предноста од осум бода пред четвртопласираните стружани на три кола до крајот, ама им помогна и на „лавовите“ од Ѓорче Петров да ја зголемат предноста во битката за третото место.

Шкупи откако се откажа предвреме од трката за титулата, па Шкендија уште во минатото коло ја завери четвртата ѕвездичка, денеска требаше само да останат непоразени, зашто веќе невозможно е дека во завршните три кола би можеле чаирчани да извисат за излез на меѓународна сцена, па само бод ги дели од математичка верификација на својот пласман летово во Конференциската лига.

Од друга страна, на Македонија ЃП ѝ се погоди ова реми, зашто во трката за Европа, денеска „лавовите“ со 3-0 го победија Пелистер и со киксот на Струга сега се на плус три од својот најголем ривал, кој пред три дена ги шокираше и ги победи во трилер мечот за да им се доближи само на бод.

Ужасната интервенција на битолскиот голман Давор Талески уште во 3 минута по шутот на Робсон да Силва донесе водство на Македонија ЃП, па во последните осум минути Боби Божиновски и Фернандињо дадоа уште два гола за убедлив триумф и зацврстување на третото место за „лавовите“, кои сепак сѐ уште се далеку од обезбедувањето на европска виза и допрва ги чека борбата во последните три кола за излезот во Европа.

ПРВА ЛИГА, 30 КОЛО (13 ЧАСОТ)

Македонија ЃП – Пелистер 3-0 (1-0)

Робсон 3, Божиновски 82, Фернандињо 90

Струга Трим Лум – Шкупи 0-0

Работнички – Шкендија 3-5 (1-2)

М. Станковски 2, Ѓурѓевиќ 69, Јевтовски 89 – Игор да Силва 19, Хебај 42, Нафиу 90, Алими 85, Ибраими 90

Борец – Вардар 2-0 (1-0)

Мишов 15, Адили 80

Беласица – Силекс 1-3 (1-1)

Демир 17 п. - Георгиев 13, Манасиевски 68, Штерев 89

Академија Пандев – Ренова 1-1 (1-0)

Миловановиќ 24 – Селмани 48

ТАБЕЛА: Шкендија 71 бода (шампион), Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга ТЛ 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, А. Пандев 35, Силекс 35, Ренова 32, Вардар 31, Беласица 17 (испадната).