Шкендија ги почна подготовките со победа и тоа после голем пресврт

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, екипата на Шкендија, со победа ги започна подготовките во Анталија, откако денеска славеше на пријателскиот меч против словачки Серед со 2-3.

Шкендија после половина час игра губеше со 2-0 со головите на Ба Тидиане и Алекс Иван. Но, тетовци прво намалија до крајот на полувремето преку Бесарт Ибраими, а потоа во вториот дел успеаја да го свртат резултатот во своја корист со головите на Марјан Радевски и Јан Кривак со 57. и 66. минута.

Инаку, Шкендија лошо ја стартуваше новата сезона во Првата македонска лига, па затоа во прлолетниот дел од сезоната влегува со негатива од осум поени во однос на лидерот Вардар.