Победа пак лидер: Дебакл на виничани во дербито во Кочани!

Слога Виница доживеа убедлив пораз на локалното дерби во Кочани против Осогово со 0-3, па триумфот на Победа со 3-1 во Прилеп против Кожув, повторно ги вивна прилепчани на врвот на табелата во Втората лига – Исток.

Даниел Карчески, Игор Момировски и Давид Јошевски постигнаа по еден гол за славје на Победа против гевгеличани, па како „кец на десетка“ им дојде поразот на Слога Виница во Кочани, каде во второто полувреме Осогово им даде три гола од кои два на Иван Мицевски и еден на Тоше Манов во последната третина од мечот.

Во другите мечеви Беласица го победи Братство Житоше со 1-0, Детонит со ист резултат славеше против Кит Го, а Локомотива и Каменица Саса ремизираа 0-0.

ТАБЕЛА: Победа 26, Слога Виница 25, Каменица Саса 21, Беласица 20, Кит Го 16, Осогово 14, Детонит 13, Кожув 12, Локомотива 5, Братство 4.