Ново засилување за Вардар – Гамбиец кој играл во Словенија и Малта!
Станува збор за Кеба Кебел Сусо, кој е 26-годишен напаѓач од Гамбија, а кој во Скопје доаѓа од екипата на Јадран Декани (Словенија), каде што постигна седум голови на 12 натпревари.
Тој претходно во кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.