
Ништо од Турците во Воска, клубот се враќа во рацете на Нефи Усеини
Пред извесно време турска компанија тропна на вратата на Воска и сакаше да го преземе клубот, турските инвеститори се повлекоа од намерата да го земат охридскиот клуб.
Од клубот замина и турскиот стратег Сафет Ишлер, по што челниците на Воска брзо најдоа решение и постигнаа договор со албанскиот тренер Клодиан Арби.
Арби ќе има тешка задача да избори опстанок во Воска која есенскиот дел од сезоната го заврши на последното место на табелата.