Најлесно за Шкупи, Струга би можела дури на Фарски Острови, а Силекс на – Муслиу!

Челниците на УЕФА вечерва ги одредија и потесните листи за потенцијални ривали на македонските претставници во Конференциската лига, односно по четири можни ривали за Силекс, Шкупи и Струга Трим Љум.

Второлигашот од Кратово ќе ја има улогата на носител и меѓу екипи со кои може да се сретне е и унгарски Фехервар за кој игра македонскиот репрезентативец Вусар Муслиу. Останатите три тима со кои би можел да се падне освојувачот на Купот на Македонија на стартот од новото натпреварување се Сутјеска (Црна Гора), Петрокуб (Молдавија) и Широки Бријег (БиХ).

Носител е и Шкупи, кој на хартија доби најлесни можни противници меѓу кои се Сфинтул Џорџ (Молдавија), Динамо Батуми (Грузија), Љапи од Косово и Урарту од Ерменија. Единствен неносител од македонските екипи е Струга, која би можела да игра против две екипи од ептен далечни дестинации - Рунавик од Фарски Острови и Бридаблик од Исланд, како и против Лиепаја (Летонија), Спартак Трнава (Словачка) и Дандалк од Ирска.