
Само Победа се сопна од конкурентите за Прва лига од Истокот!
Победа беше на чекор до победата откако Филип Димоски во 29-та минута даде гол за водство и кога мечот влезе во судиското надополнување сѐ изгледаше на минимален триумф, но три бода на контото. Ама, Андреј Јаневски беше побрз од судискиот свиреж, па во 92-та минута ги шокираше прилепчани за бод за Кожув.
Слога Виница против Пехчево се изнамачи за победа, дури во завршницата, на десет минути пред крајот го скрши отпорот на противникот за да победи и да остане на првото место на табелата. Исто со минимален триумф славеше и Каменица Саса на домашен терен против Братство Житоше со гол на Дарко Алексоски во 24-та.
Од кандидатите за Прва лига, „најубедлива“ беше Беласица, која со 2-0 го победи Детонит јуниор со головите на Милушев и Сулев во период од седум минути на почетокот на вториот дел.
Осогово во Кочани очекувано со 6-0 го распарчи фенерџијата Локомотива од Градско.
ВТОРА ЛИГА - ИСТОК
Каменица Саса – Братство Житоше 1-0, Победа – Кожув 1-1, Слога Виница – Пехчево 1-0, Беласица – детонит јуниор 2-0, Осогово – Локомотива 6-0
ТАБЕЛА: Слога Виница 42, Беласица 39, Победа 38, Каменица Саса 37, Осогово 26, Кожув 23, Пехчево 22, Детонит јуниор 20, Братство 13, Локомотива Г. 6