Актуелниот лидер во македонската Прва лига, Шкупи ја зголеми предноста на плус шест бода и скоро да се се есенски прваци во оваа сезона, после победата со 2-1 во малата скопска пресметка на Автокоманда против Скопје со 3-1, а главниот ривал сезонава Академија Пандев ремизираше во Струмица без голови против Беласица, во 16-то коло кое го одбележаа дури шест црвени картони на петте денешни мечеви.

Фаустин Сегнор десет минути по стартот на второто полувреме даде гол за победата на чаирчани во мечот на кој „пиратите“ им ја олеснија работата после примениот гол, зашто за осум минути направија два црвени картони, прво Јола Зепата во 68-та, а потоа и Дино Најдоски во 76-та минута, па со деветмина Скопје не можеше ни да се надева дека може да ги сопне чаирчани, за во 96-та минута Фреди Алварез со гол од пенал само да го завери триумфот.

Шкупи на најдобар начин ја искористи оваа победа, зашто Академија Пандев не најде начин како да дојде до триумф и да остане близу чаирчани, па во не премногу квалитетен меч, највозбудливи беа двата моменти, кога прво Пандевци останаа со десетмина по двата жолти картони на Фарук Бихорац за десет минути (исклучен по пола час игра), а потоа и глупоста на Дарко Додев кој во десет секунди во 43-та минута доби две опомени и предвреме беше испратен во соблекувалната.

Чаирчани по 16 кола имаат 38 бода и гол-разлика 38-10, а Пандевци со 32 бода и гол-разлика 26-14 се далеку, па отаму и веќе извесната есенска круна за „гулабите“, кои во последните две кола имаат дерби со Шкендија на свој терен, па гостување во Велес во следните седум дена, додека Пандевци гостуваат во Ѓорче Петров кај Македонија ЃП веќе во среда, а потоа дома играат со последниот Пелистер во завршното есенско коло.

Најслабиот тим во лигата Пелистер кој сезонава нема победа требаше да остане со десетмина за Шкендија да успее да ги победи со пресврт, а Словакот Јан Кривак на четири минути пред крајот ги скрши битолчани за да им донесе триумф на тетовци за нивно зацврстување на третото место на табелата во прволигашката конкуренција.

Виктор Нилдо Јуфо, екс-фудбалерот на Шкендија и Вардар, на две минути пред крајот на првиот дел ги шокираше црвено-црните, но Синдрит Гури набрзина ја врати Шкендија три мунути по стартот во вториот дел, за на крај стоперот Кривак да го реши победникот.

Струга Трим Лум ремизираше без голови со Тиквеш, кој полека се враќа во борбата за опстанок, додека Борец и Македонија ЃП одиграа реми 1-1 во меч на кој велешани поведоа преку Крста Ѓорѓевиќ во 36-та, а израмни Абу Камара во 67-та.

ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО

Академија Пандев – Брегалница 0-0

Скопје – Шкупи 1-3 (1-1)

Алварез 7, 90+5, Сегнор 55 – Чешмеџиев 43

Борец – Македонија ЃП 1-1 (1-0)

Ѓорѓевиќ 36 – Камара 67

Шкендија – Пелистер 2-1 (0-1)

Гури 48, Кривак 86 – Јуфо 43

Струга Трим Лум – Тиквеш 0-0

ВЧЕРА

Работнички – Ренова 0-0

ТАБЕЛА: Шкупи 38, А. Пандев 32, Шкендија 30, Ренова 26, Брегалница 26, Струга ТЛ 23, Македонија ЃП 21, Работнички 19, Скопје 17, Тиквеш 14, Борец 9, Пелистер 5