Македонија ЃП и Струга ТЛ го дотуркаа финалето до - пенали!

Македонија ЃП и Струга ТЛ потрошија уште пола час фудбал и ништо не решија на 30-то фонале во Купот на Македонија, па традицијата да се решава победникот на пенали продолжи со четврто финале по ред што ќе се решава од белата точка.

Македонија ЃП и Струга ТЛ дадоа по еден гол во регуларните 90 минути, Филип Мишевски во 28-та за водство на „лавовите“, па Фатјон Јусуфи во 75-та за стружани, но дополнителните две продолженија по 15 минути минаа само во битка на теренот, повеќе со мисли за пенал-рулетот, одошто преконкретни шанси.

Серијата на пенали да го решаваат победникот на Купот почна во 2019 година со триумфот на Академија Пандев над Македонија ЃП со 4-2 (2-2), па продоли со Силекс против Македонија ЃП со 4-3 (0-0) во 2021 година, а лани „лавовите“ славеа со 4-3 (0-0) во ланското издание.