Легендите на Вардар и Ц. Звезда продефилираа во скопската арена (ФОТО)

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда, а на теренот продефилираа и легенди на двете екипи.

На полувреме продефилираа легенди како Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Горан Попов и други.