Комитска песна ечеше низ Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Во пресрет на најголемото дерби во Првата македонската фудбалска лига, помеѓу Вардар и Шкендија, навивачката група „Комити“ го блокираше градот и со навивачки песни и разгорени бакљи се насочија кон Националната Арена „Тодор Проески“, каде денеска во 13 часот ќе стартува големата пресметка која ќе даде јасни знаци околу походот кон титулата во домашниот шампионат.

Повеќе од заслужено „црвено-црните“ ја заокружуваат првата етапа од шампионатот на врвот од табелата, сега без сомнение посакувајќи и победа против Шкендија за уште едно докажување на квалитетот на младите момци.

Мотивацијата кај вардарци е уште поголема зашто најверните навивачи денеска слават три јубилеи, па спектаклот и поддршката им е загарантиран, за на крај сите заедно да ја прослават веројатно најслатката победа, зашто вардарци предвреме беа отпишани, а Шкендија запишана како старо-нов шампион кој ќе се прошета сезонава до трофејот.

Токму затоа е и повикот до навивачите како дополнителна поддршка денеска во желбата за триумф и зголемување на бодовното салдо пред актуелниот шампион.