Актуелниот прволигашки лидер Шкендија ја продолжи серијата без пораз во дербијата со Вардар и стигна до 13-ти меч во низа во овие три години, откако денеска ја запишаа шестата победа во меѓусебните пресметки и го понижи својот најголем ривал на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје победувајќи со 5-1 во дербито од деветото коло.

Тетовци безмилосно и брутално го распарчија Вардар, без оглед што скопските црвено-црни први поведоа, па дури и со играта во првото полувреме не најавуваше ваков дебакл на актуелниот првак, но домаќинот денеска комплетно се распадна во второто полувреме особено откако Бесарт Ибраими го завери триумфот со третиот гол на мечот за Шкендија.

Лидерот на скрпениот тим на првакот му покажа сезонава дека е квалитативно далеку пред нив и дека далеку е најтрофејниот наш клуб од помислата дека сезонава може да се бори за највисок пласман.

Вардар поведе преку Јован Попзлатанов уште во 12-та минута, но иако најтрофејниот наш клуб успеваше опасно да се заканува до полувремето, имаше низа опасни напади, Шкендија погоди двапати до паузата. Прво Флорент Рамадани со прекрасен шут израмни три минути по примениот гол, а потоа Валон Ахмеди направи пресврт по заспаноста на вардаровата одбрана во 40-та минута, откако претходно Бесарт Ибраими имаше еден шут. Вардарци се закануваа со шутеви на Дарко Мицевски, Бојан Најденов, во низа акции им недостигаше завршен потег за уште позрели шанси, па Шкендија сето тоа брутално го казни.

И кога тргнаа скопските црвено-црни во атак од стартот на вториот дел, а Попзлатанов имаше одлична шанса, но биеше крај голот, Љупчо Дориев погоди дирек во опасната акција, само три минути потоа, најави трет гол на Шкендија, која преку Ибраими го осигура триумфот, а потоа беше само демонстрација на моќта за да стигнат до убедлив триумф..

Десет минути пред крајот Енир Тотре погоди и четвртипат за Шкендија, на асистенција на Ибраими, а Ахмеди со вториот гол сега од пенал во 86-та минута, кој и сам си го изнуди, стави точка на дебаклот на скопските црвено-црни.

Шкендија со 21 бод останува лидер по девет кола, додека Вардар остана на 11 на осмото место на табелата.