Тетовска Шкендија од пред половина месец е старо-нов шампион на Македонија, а денеска тетовци пред своите гледачи го добија шампионскиот пехар кој го прославија победнички со убедливи 4-1 против Академија Пандев и повторно името Македонија исчезна од шампионската прослава.

Лани, Шкендија направи скандал откако одби пано од ФФМ, па си стави свое со името на главниот спонзор Еколог, како Шкендија да станала првак на Еколог, а не на земјата во која настапува. Сега после одбраната на шампионската титула, во целата циркузијата за одбележување на тоа чив шампион се тетовци соучесник е и ФФМ, зашто Македонија исчезна.

Очигледен е компромисот што ФФМ го направи, па на паното пред бината каде што стоеа фудбалерите за да го примат пехарот. „ПРВА МФЛ 2018/19 ШАМПИОНИ“ стоеше на паното,покрај кое се сликаа фудбалерите на Шкендија од шампионската генерација заедно со својот газда Лазим Дестани. Тетовци пак на своите шампионски маички нормално никаде не ни спомнаа чии шампиони се, на кои стоеше само клупското лого и порака за одбранета круна.

Шкендија има три шампионски титули, од 2011, 2018 и од 2019 година, а ова е нивна прва одбрана на круната, нешто што досега им успеало на Вардар во четири наврати, Силекс, Слога Југомагнат и Работнички.