Голчиштето за најавни шпици: Устабаши на Чаир од 30 метри погоди спектакуларно (ВИДЕО)

Турскиот интернационалец Берат Устабаши денеска постигна голчиште за најавни шпици на Чаир во ремито на Шкупи и Ренова (2-2), недоволно за чаирчани да останат четвртопласирани на табелата, па по триумфот на Работнички сега ја загубија таа позција пред пресметката со дебармаалци на Националната Арена.

Устабаши од 30 метри постигна спектакуларен гол, кој беше неодбранлив за голманот на тетовци.