Фудбалерите на Шкупи „се тресеа“ дури не заврши Силекс, а потоа - „експлодираа“! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи имаат голема шанса да играат во квалификациите за Лига Европа, ова лето, а дел од заслугите за тоа има нивниот конкурент Силекс. Кратовци вчера одиграа само 0-0 против Работнички, резултат, кој му одговараше на Шкупи. Меѓутоа, додека да заврши натпреварот чаирчани се тресеа пред телефоните.

Шкупи играше во Битола кај Пелистер, Силекс дома со Работнички, но мечот „Под Тумбе кафе“ заврши порано (0-2), па на фудбалерите на Шкупи им остана само да чекаат. Се собрале во соблекувалната и го снимиле исчекувањето. Сите со телефоните в рака, вклучени на сервисите за резултати во живо „експлодираа“ кога видоа дека е крај во Кратово и дека Силекс со само еден освоен бод, паѓа под нив на табелата.