ФК Брегалница е првото нешто за кое се сложија двете најголеми политички партии!

Поранешниот македонски прволигаш Брегалница ќе се продава на берза и ќе добие нов сопственик, одлучија едногласно соведниците на општина Штип, па вистински преседан се случи во Македонија, откако претставниците на двете најголеми политички партии се сложија за нешто, а тоа е гордоста во градот под Исарот.

Во турбулентните години на политичката сцена во која СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не може да се договорат за ништо во Македонија, ФК Брегалница е првото нешто за кое двете партии се на иста бранова должина. Одлучија клубот да добие нов сопственик, па Брегалница ќе се продава на берза и тоа дел од акциите ќе се продаваат по номинална вредност од 100 евра од акција

Одлуката стапува на сила и сега ќе започне процедура за продажбата на дел од акциите, а советниците во општината, посочија дека соработката за вакви работи од интерес на граѓаните на Штип треба да продолжи, а конечно политиката да се тргне од спортот. Градоначалникот благој Бочварски посочил дека Брегалница останува бренд, па со вложување на приватен капитал и внесување на свежи пари, фудбалот во Штип би се вратил на старите патеки.

Според најавите до 11 јули треба да заврши процесот на трансакцијата за продажбата на клубот, но не беше соопштено името на заинтересираниот купувач, иако јавна тајна е дека Кирил Гогов ќе го купи штипскиот клуб. Гогов е сопственик на Кит Го од Пробиштип. Јавното претпријатие Исар, останува да ги одржува спортските терени, а акционер останува и општината но со двојно помалку пари од досега.