ФФМ го осуди хаосот во Штип: Среде криза уште повеќе му се нанесува штета на фудбалот!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осуди хаосот што денеска се случи во Штип, кога брутално се тепаа навивачите на Брегалница (Фаланга) и на Тиквеш (Лозари), во ек на здравствената криза со кроронавирусот и кога е забрането групирањето на отворено на повеќе од четири лица.

ФФМ во својата реакција освен што го осуди инцидентот, нагласувајќи дека со ова поединци и мали групи дополнително му прават штета на фудбалот, ја поздрави брзата реакција на МВР за да се најдат најодговорните и експресно да се процесуира целиот случај. Компетната реакција на ФФМ ви ја пренесуваме во целост.

„За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.

Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт - НЕ за дискриминација, НЕ за национализам и говор на омраза, НЕ за насилство на стадионите и фудбалските терени. Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување на поединци или помала група на навивачи, кои нанесуваат штета на своите клубови и фудбалот воопшто.

Уште повеќе што се случува во време на здравствена криза и забрана за групирање. ФФМ ја поздравува брзата реакција на полицијата и ги повикува надлежните институции да го процесуираат целиот случај.

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите поддржувачи и навивачи на тимовите од МФЛ, во ова време, пред се да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените власти за заштита на здравјето, а пораката за навивање во духот на фер-плејот, почитта и толеранцијата кон противничките екипи и сите љубители на фудбалерот, како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ќе ја повторуваме и ќе се бориме за тоа со цел спречување на инциденти како денешниот“, се вели во реакцијата на куќата на фудбалот.

За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во...

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Saturday, November 28, 2020