Мечкаровски ќе ги смирува страстите на дербито Вардар-Шкендија!

Време е за прволигашкиот фудбал, по пауза од повеќе од еден месец, љубителите на Македонија ќе можат одново да уживаат во возбудувањата на фудбалските терени низ земјава. Во 19. коло, најголемо внимание привлекува мега дербито меѓу Вардар и Шкендија, а честа да се најде на центарот во Тетово ќе ја има Димитар Мечкаровски.

На останатите натпревари Марјан Марковски ќе им суди на Силекс и Шкупи, Марјан Гоцевски на Работнички и Ренова, Александар Ставрев ќе биде на центарот во Кичево каде ќе се сретнат Победа и Беласица, додека Петар Мантев ќе ја дели правдата на дуелот Академија Пандев-Македонија ЃП.

Сите натпревари се закажани за во недела од 14:00