Бугарска ЦСКА лесно ја преслуша нашата Шкендија (ВИДЕО)

Повеќекратниот македонски фудбалски шампион, екипата на Шкендија, денеска загуби од ЦСКА Софија (0-2) во пријателски меч одигран во Анталија (Турција).

Бугарскиот тим сосема заслужено дојде до триумфот и тоа со головите на Бастунов во третата минута и на Марин во 82. минута од мечот.

Следниот тест на тетовци ќе биде дуелот против Динамо Киев на 6 февруари исто така во Анталија.