Брера не запира со победите - падна и Тиквеш во Струмица!
Новото засилување од шампионот Струга, младинскиот репрезентативец Христијан Малески, кој последен ѝ се приклучи на Брера од пред неполни две недели, беше јунак денеска со голот кој го даде во 71-та минута од мечот, момент кој беше клучен за нов триумф на струмичани, а големиот талент Мартин Георгиевски во 97-та минута ја потврди победата.
Брера беше подобар ривал во првиот дел, бараше начин да дојде до гол и успеа во тоа во последната четвртина од мечот, по што кавадарчани се обидоа да се изборат за реми со притисокот по примениот гол, но не успеаа во својата намера и неколкупати опасните закани им завршива со лошо завршно додавање за да се најдат во опасна ситуација за гол.
За Брера ова е трет од четирите меча на кои завршува со победа и со чиста мрежа, третпат во Струмица и сега повторно е осамена како лидер со 12 бода, додека Тиквеш остана на шесте бода после вториот пораз во низа и е третопласиран.