Штипска Брегалница и во новата сезона ќе игра во Втората лига, но иако извисија за да се борат за место во елитата, амбициите на клубот остануваат високи, па денеска на големиот празник Илинден го пуштија хотелот за фудбалерите, што клубот го изгради.

Станува збор за сместувачкиот комплекс во рамките на Градскиот стадион во Штип, каде се направени модерни 16 апартмани кои се на располагање на фудбалерите и во целиот тој комплекс освен апартмани има и сала за состаноци, сала за одмор.

Сето ова е проект со кој Брегалница тргнува во една насока брзо да се врати во македонската елита, но и да ги оствари европските амбиции. Ретко кој макеоднски клуб, може да се пофали со сместувачки капацитет и тренинг-камп за свои потреби, па освен најтрофејниот клуб Вардар практично и да нема клуб со услови за сместување на фудбалери и за карантин.

Во Штип веќе е во фаза проектот за реновирање и изградба на супермодерен стадион, на кој би можела да игра и македонската репрезентација, па сето ова е најава за високите и сериозни амбиции на штипјани во иднина да играат важна улога во македонскиот фудбал.