Бразилски мајстории на Арената: Робсон ги „уби пајаците“, па Фернандо погоди од слободен (ВИДЕО)

На македонскиот репрезентативен голман Ристе Јанков, „единицата“ на скопски Работнички попладнево му се стемни од Бразилците Робсон да Силва и Фернандо Аугусто, кои постигнаа фантастични погодоци за неполни 20 минути од пресметката за Европа за својата Македонија ЃП.

Прво Робсон, кој одамна е познат дека има „топ во ногата“, па од 25 метри упати бомба која не се бранеше и ги „уби пајаците“, а десет минути потоа Фернандо со лева изведе прекрасен слободен удар од 18-на метри за вторпат да ги донесе „лавовите“ во водство.

Суперталентираниот Лука Станковски, пак, со глава во 11-та минута израмни на 1-1, а неговиот брат Марио Станковски по пола час игра постигна втор гол за Работнички за второ израмнување 2-2 во спектакуларната скопска пресметка која уште отсега е „убавица на сезоната“.