Борец славеше во Неготино, Пелистер го совлада Скопје

Денеска се одиграа натпреварите од 22. коло во Втората македонска фудбалска Лига, а на Истокот актуелниот лидер Борец славеше со 4-0 против Вардар Неготино.

За екипата на Борец, Ѓорѓи Ѓорѓиев постигна два погодоци во дуелот, а уште по еден додадоа Симеон Христов и Марко Ѓорѓиевски.

Бегалница беше сигурна на домашен терен, па славеше против Детонит јуниор со убедливи 3-0, благодарение на головите на Трифуновски, Илиев и Јанев.

Пелистер во дерби пресметката го победи Скопје со 2-0, а во листата на стрелци се запишаа Ристе Илијоски и Благојче Главевски.

Кораб успеа да победи против Гоблен јуниор во Куманово со 2-0, со погодоците на Мерсовски и Муча.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

ВМФЛ – ИСТОК

Каменица Саса – Тиквеш (1-1)
Плачковица – Партизан Обрешани (2-0)
Кит Го – Кожув 2-1

ВМФЛ – ЗАПАД

Генч Калемлер – Струга Трим Љум 0-1
Лабуништа – Тетекс 1-0
Гостивар – Велазерими 1-1