АМС поднесе кривични пријави против „цело“ ФФМ!

Агенцијата за млади и спорт (АМС) поднесе кривична пријава против „цела“ Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на истрага.

АМС тргна во конечна битка против луѓето од Куќата на фудбалот, која повеќе од една година ја води за да расчисти со сплетките во оваа федерација, па на тапет во кривичната пријава се поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, актуелниот прв човек Муамед Сејдини, како тогашен потпретседател, како и против неколку членови на Управниот одбор.

„Во периодот по 29.07.2012 година Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно Генерално собрание на кое е одржан и усвоен и Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Стаутот и го додаваат членот 37 со следниот текст: Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови на ФФМ-Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои од претседавач, заменик претседавач и три члена кои по промената на членот 37 се менуваат за еден број и се зголемуваат за плус еден член“, стои во пријавата, поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.