Академија Пандев се засили и со фудбалер од Црвена Звезда

Академија Пандев продолжи со засилувањата за следната сезона, а најнов фудбалер кој пристигна во редовите на струмичката екипа е Милан Томиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда.

Младиот 20-годишен фудбалер ги мина сите младински категории на Црвена Звезда, а притоа настапуваше и во сениорска конкуренција како позајмен фудбалер во тимовите на Графичар и Звездара, додека со македонскиот тим потпиша договор на две години.

Струмичкиот тим претходно се засили со Марјан Радески, Никола Серафимов и Бојан Димовски.